ПОВЕЌЕ

    „Ситно“ во нетрговските трансфери и без ниедна банкарска акција

    Време зa читање: 2 минути

    Повторно потпросечна недела за нетрговските трансфери на акции на котираните друштва. Слабата активност резултира со пренос на само 874 акции издадени од шест компании. Невообичаено, но овојпат нема ниту една подарена или наследена банкарска акција.

    Од податоците на Централниот депозитар за хартии од вредност се гледа дека нетрговски трансфери биле реализирани во текот на три дена, од понеделник до среда, четвртокот бил „празен“, а петокот и онака беше неработен.

    Во овој сегмент стартот на минатата недела го означиле два преноса на сопственоста, со вкупно 271 акција. Македонска берза објави дека е направен нетрговски трансфер на 208 обични акции издадени од „Македонија осигурување“ АД Скопје, како и на 63 обични акции од „Тутунски комбинат“ АД Прилеп.

    Ден потоа, во вторникот е забележан еден пренос на сопственоста на ваков начин, при што се работи за 300 акции на скопски „Алкалоид“.

    Во средата, пак, вкупниот биланс е 303 акции, распоредени во три нетрговски трансфери. Пренесена е сопственоста на 128 обични акции емитувани од „Раде Кончар – Апаратна техника“, десет на „Макпетрол“ АД Скопје и 165 акции на „Жито Лукс“ АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично