Новогодишно пакетче од Стопанска банка Скопје ќе добијат 250 деца. Синдикатот на најстарата банка годинава ја продолжи традицијата да подари радост таму каде што најмногу е потребна.
„Со искрена желба да разбудиме насмевки и да внесеме светлина во детските денови“, како што велат од Банката, пакетчињата се поделени во осум институции лоцирани низ градовите во земјава: ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје (Дневен центар за аутизам); Дневен центар Гостивар; Национално здружение “Соѕвездие” – Скопје; Меѓуопштински центар за социјални работи – Берово; ОЈУДГ „7 Септември“ – Пехчево; Јавна установа Дом за доенчиња и мали деца – Битола; Детска онкологија – Скопје; НБО „Пркос“ – Скопје.

„Секое пакетче носи порака на топлина, надеж и празнична магија. Затоа што најголемиот подарок што можеме да го дадеме е – човечноста“, порачуваат од Стопанска банка Скопје.
Аналитика








