Силк Роуд Банка ги известува сите постојни и нови корисници на системот за електронско и мобилно банкарство за физички лица дека го продолжува промотивниот период до 31.05.2020 година за активирање на опцијата со можност за вршење на плаќања.
Сите нови и постојни корисници на системот до 31.05.2020 година се целосно ослободени од плаќање на еднократен надоместок од 500 денари за активирање на можноста за вршење на денарски или девизни плаќања преку компјутер или мобилен телефон.
Со користење на електронското и мобилно банкарство сите трансакции корисниците можат да ги реализираат од својот дом, без потреба од посета на експозитурите на банката.