ПОВЕЌЕ

    Силк Роуд банка вработува Референт за усогласување со прописи

    Време зa читање: 2 минути

    СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

    Банката вработува РЕФЕРЕНТ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ СО ПРОПИСИ во Служба за правни работи, усогласување со прописи и информативна сигурност.

    • Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
    1. Универзитетска диплома, по можност во областа на правото, економија или друга меродавна област.
    2. Минимум 3 години работно искуство од областа на усогласување со прописи во банкарска институција или друга финансиска институција со соодветни активности во областа на усогласеност со прописите
    3. Познавање на законска банкарска регулатива
    4. Добро познавање на англиски јазик
    5. Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
    • Опис на работно место Референт за усогласување со прописи:

    Учествува во извршувањето на активностите за идентификација, проценка, следење и контрола на ризиците од усогласување во работењето на Банката и тесно соработува со соодветните директори. Ја чува и редовно ажурира документацијата и материјалите, како и доказите за извршените активности на соодветен начин.

    Избраниот кандидат треба да поседува:

    – Соодветни стручни и лични особини
    -Организациски вештини
    -Аналитички вештини
    -Добри комуникациски способноси
    -Подготвен да ги почитува и активно да ги поддржува вредностите на Банката

    Банката нуди плата во месечен нето износ од 42.000,00 денари.

    Работното време е 8 часа дневно, односно 40 часа неделно, од понеделник до петок.

    Заинтересираните кандидати своето CV заедно со мотивационо писмо може да ги достават на [email protected].

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично