ПОВЕЌЕ

    Шукова: Грчкиот концесионер ќе го добие ХЕЦ „Тиквеш“ како влог од државата

    Време зa читање: 2 минути

     

    По изградбата на ХЕЦ „Чебрен“ на Македонија ќе и следуваат 33 отсто од влогот, а на концесионерот – 67 проценти. Поради близината и затоа што се изградени на истата река, покрај ХЕЦ „Чебрен“, на грчкиот концесионер државата ќе го даде и ХЕЦ „Тиквеш“, објави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, по самитот за Сина економија.

    „Државата по изградбата на хидроцентралата ‘Чебрен’, ќе го даде уделот што го има, преку хидроелектраната ‘Тиквеш’, која ќе се поврзе на хидроелектраната ‘Чебрен’. Тоа е влогот на државата, не е влогот во пари. ХЕЦ ‘Тиквеш’ го даваме на ХЕЦ ‘Чебрен’ и да го оперира како еден систем, а грчката компанија, понудувачот, треба прво да обезбеди дозвола за вода, според Законот за води, а потоа ќе се потпише договорот за концесија. Самата ќе инвестира средства“, посочи министерката.

    Воедно, наведе во кој сооднос ќе се исплаќа дивиденда и нагласи дека на државата и бил потребен инвеститор во системот на производство на електрична енергија од обновливи извори.

    „Утре кога ќе се исплаќа дивиденда, државата ќе земе 33 отсто, 67 се на инвеститорот. По 60 години, по завршување на концесијата, целиот комплекс, сѐ она што ќе биде изградено, останува на државата“, вели Шукова. Притоа, додаде – кога се склучува концесиски договор битно е предимство да има државата – за користење електрична енергија по пазарна цена, а потоа да може да се дава на и на други потрошувачи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично