ПОВЕЌЕ

    Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг со нов визуелен идентитет

    Време зa читање: 2 минути

    Шпаркасе Банка АД Скопје и Шпаркасе Лизинг ДОО Скопје го менуваат целокупниот визуелен идентитет во согласност со промените на ниво на Групацијата. Следејќи ги визијата, вредностите и верувањата на големото Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе семејство, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг визуелно се модернизираат, по теркот на светските банкарски трендови.

    Од самите почетоци Банката континуирано го менува и го подобрува својот визуелен идентитет, покажувајќи ја својата флексибилност, можноста да се предвидат промените и на нив да се одговори соодветно и навремено. Од почетокот на оваа година, Банката започна со постепена имплементација, односно воведување сосема нов изглед на локалниот пазар.

    Новиот визуелен идентитет вклучува оптимизирано лого и нови корпоративни бои.

    Логото на Шпаркасе го задржува својот препознатлив и уникатен карактер, но ќе биде освежено во дизајнот. Во комбинација со новите корпоративни бои, изгледот на Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг станува помодерен и поатрактивен. Резултатот од овие промени е единствен корпоративен дизајн што овозможува унифицирано искуство на брендот низ сите канали. Планирано е постепено ребрендирање на сите канали во периодот што следува.

    Со новиот целосно модернизиран корпоративен дизајн, приспособен на дигиталниот свет во кој живееме, брендот Шпаркасе станува уште попристапен и пофлексибилен за своите клиенти, целосно ориентиран кон иднината.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично