ПОВЕЌЕ

    Шест барања на странските инвеститори

    Време зa читање: 2 минути

    Анкетата на Советот на странски инвеститори покажува дека компаниите ја следат состојбата со бизнис – климата и очекуваат конкретни подобрувања во условите за работа, вели Виктор Мизо во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Инвеститорите оценуваат дека инфраструктурата и ефикасноста на институциите директно влијаат врз нивната конкурентност. Посебно значење има предвидливоста на регулативата и усогласувањето со европските стандарди. Компаниите бараат побрзи процедури за работни дозволи и подобра координација на институциите. Државната поддршка треба да биде транспарентна и со јасни критериуми. Според Мизо, исполнувањето на овие услови е важно за задржување и зголемување на инвестициите.

    „Господине Мизо, ајде едно директно прашање. Едно е да ве сослушаат и да ве удрат по рамо и да речат да, супер, ќе биде. Друго е да спроведат тоа што е договорено и да се прифатат забелешките и да се операционализираат. Дали ве слушаат и ги применуваат или само добиваат чукање по рамо?

    Гледајте, тоа го кажав претходно. И јас не очекувам и затоа и ние малку балансираме во она што го предлагаме, не може за секоја работа ние да бараме владата да го реши нашиот проблем. Тоа мислам дека не само нашиот  како странски компании, туку секогаш треба да најдеме некој баланс. И ние по некогаш велиме од овие работи, затоа се фокусираме само на неколку работи. Не излегуваме со некоја листа на барање од 20 точки, бидејќи нити има логика, ниту тоа ќе биде ефикасно. Дури во бизнисот правиме  „Парето анализа“. Кој се најгорливите 3 до 5 работи, каде што со адресирање на истите ќе реши 80% од тоа што е болката на компанијата.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично