ПОВЕЌЕ

    Шест нетрговски трансфери со 2.250 подарени акции

    Време зa читање: 2 минути

    Шест друштва и 2.250 обични акции се внесени во неделната статистика на Централниот депозитар за хартии од вредност за нетрговските трансфери. Вонберзанските трансакции се реализирани со банкарски, фармацевтски, градежни и телекомуникациски акции.

    Акциите издадени од Алкалоид повторно се доминантни. Минатата работна седмица е  регистриран пренос на 951 обична акција. Со оглед на моменталната просечна цена од 25.077,22 денари, вредноста на овој подарок е околу 23,8 милиони денари или 387,8 илјади евра.

    Со знакот на Гранит се 769 обични акции. Имаат просечна цена од 1.475 денари, произлезена од последното петочно тргување. Оттаму и вредноста на трансакцијата од над 18,4 илјади евра.

    Сопственоста на овој начин е сменета и кај 421 акција на Македонски Телеком. Една акција има просечна цена од 501,88 денри.

    Три нетрговски трансфери се направени со акции издадени од три банки. Во статистиката се забележани 78 обични акции на Комерцијална банка. Најтргуваната акција на Берзата има просечна вредност од 27.980,77 денари.

    Сопственички пренос е реализиран и со 20 акции на Централна кооперативна банка, чијашто просечна цена е 340 денари. Во изминатите 52 недели имало едно тргување.

    Дел од минатонеделните нетрговски акции се и 11 акции на НЛБ банка. Берзанските тргувања се чести, а просекот по акција е 55.046,42 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично