ПОВЕЌЕ

    Сервис Петрол со 75 проценти од акциите нов доминантен сопственик на Фабрика Карпош

    Време зa читање: 2 минути

    Сервис Петрол е најголемиот акционер во Фабрика Карпош, кој поседува 74,89 отсто од акционерскиот капитал. Позицијата ја обезбеди купувајќи 224 илјади акции што до минатата недела беа во сопственост на Градежниот институт Македонија. Во нив се вложени над еден милион евра.

    „Акционерот ГИМ АД СКОПЈЕ ги отуѓи акциите во вкупен број од 224.000 обични акции и не е повеќе акционер во Фабрика Карпош АД Скопје.

    Сервис Петрол ДОО Скопје со стекна со 224.000 обични акции што претставува 74,89 % од вкупниот број на акции на друштвото“, пишува во информацијата што од скопската Фабрика Карпош ја споделија преку Македонска берза.

    Минатата недела порталот Пари пишуваше за големата блок-трансакција од 62.720.000 денари, реализирана по единечна цена за акција од 280 денари. Инаку, номиналната вредност е 17,04 евра, а вкупно се издадени 299.112 акции.

    Скопското АД за проектирање, производство и монтажа на бетонски префабрикати, станови, индустриски објекти, мостови и далноводи третиот годинешен квартал го заврши со приходи од 13,8 милиони евра и нето-добивка од 728,6 илјади евра.

    Основна дејност, пак, на Сервис Петрол ДОО е трговија на мало со моторни горива и мазива. Според податоците од Бизнис Мрежа, минатата година фирмата имала приходи од 2,8 милиони евра и добивка од 24,3 илјади евра, за речиси 60 отсто пониска од таа во претходната 2023 година. Во сопственост е на семејството Стефанови, а функционира со шестмина вработени. Сервис Петрол има висока бонитетна оценка A+.

    Продадени 74,89 проценти од акциите на Фабрика Карпош

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично