ПОВЕЌЕ

    СЕКОЈА ЧЕТВРТА НОВООТВОРЕНА ФИРМА ја избрала ХАЛК БАНКА

    Време зa читање: 3 минути

    Во третиот квартал од годинава, како што веќе пишуваше „Пари“, отворени се 1.483 компании, а нивен најчест избор, исто како и во истиот период лани, била Халк банка. Во јули, август и септември добила 378 нови клиенти, или 25,5% од сите новоотворени фирми се одлучиле Халк банка да биде нивен избор, покажува анализата на „Пари“ во соработка со платформата БизнисМрежа.мк. Ова значи дека секоја четврта фирма отишла на некој од шалетерите на Банката за да се евидентира како нов клиент.

    Порталот „Пари“ во континуитет прави анализа на избор на банка кај новотворените компании. Тоа придонесува во отсликувањето на банкарскиот амбиент во државата, ја покажува банкарската конкурентност. Но, на индиректен начин го пресликува и инвестицискиот тренд во однос на потеклото, со оглед на тоа дека странските инвестиции обично, доколку има банка од нивната земја, ја избираат и за нивна матична банка.

    ОД СИТЕ 12 БАНКИ, ЗА ПЕТ СЕ ОДЛУЧИЛЕ 79% ОД НОВИТЕ ФИРМИ

    Анализата на податоците покажува дека најмногу од новоотворените компании за матична избрале една овие пет банки: Халк (378), НЛБ (278), Комерцијална (254), скопската Стопанска (169), Шпаркасе (95).

    Значи, во овие пет од сите 12 банки, сметка отвориле 1.174 фирми, или 79 отсто од сите новоотворени в третиот квартал од годинава.

    ТОП 5 банки – избор на новоотворени фирми

    ХАЛК НАЈЧЕСТ ИЗБОР НА НОВИТЕ ФИРМИ ОД СКОПЈЕ И ТЕТОВО

    Во Скопје, во третиот квартал од годинава се отворени 721 фирма, што е 48,6 отсто од сите новоотворени компании. Од нив, 199 (27%) се одлучиле за Халк банка, НЛБ била втора по избор со 145 нови деловни комитенти од главниот град, а во Комерцијална банка отишле 134 скопски фирми.

    На второ место е Тетово, каде што има 76 новоотворени фирми. И тие најмногу се заинтересирале за Халк банка. Добила уште 26 тетовски фирми – клиенти. Тетовци, очекувано, отвориле сметки и во ТТК банка, која за три месеци од својот град добила 13 нови компании. Во Стопанска банка Скопје тетовските нови фирми регистрирале 8 сметки.

    На трето место се наоѓа Битола со 73 новоотворени компании, од кои 13 отвориле сметка во Халк банка, а исто толку и во скопската Стопанска. Потоа, 12 фирми отвориле сметки во НЛБ и 10 во Комерцијална банка.

    ТОП 3 градови по новоотворени фирми и 3 најбирани банки

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично