ПОВЕЌЕ

    Шефот на берзата во Истанбул поднесе оставка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Банкарот Хакан Атила, осуден во САД за кршење на иранските санкции, поднесе оставка на функцијата директор на Истанбулската берза.

    Државната новинска агенција „Анадолу“ објави, повикувајќи се на соопштение на берзата, дека оставката е по негово лично барање.

    Атила беше осуден во Њујорк како поранешен заменик-шеф на турската Халкбанк, меѓу другото, за банкарска измама и заговор за перење пари и заобиколување на санкциите против Иран. Тој доби казна од 32 месеци и беше депортиран во Турција во јули 2019 година.

    Во октомври истата година, тој беше избран за шеф на Истанбулската берза.

    Судењето на банкарот создаде голем товар во односите меѓу Вашингтон и Анкара. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше пресудата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично