ПОВЕЌЕ

    Седум од десет најбогати луѓе во светот се технолошки генијалци

    Време зa читање: 2 минути

    Седум од десет бизнисмени на списокот на 500 најбогати луѓе во светот се технолошки генијалци, според списокот на милијардери на Блумберг.

    Џеф Безос, основачот на Амазон, е на врвот на оваа листа. Неговото богатство, кое се проценуваше на 110 милијарди долари во декември минатата година, значително се зголеми за време на пандемијата, и сега изнесува 187 милијарди. Амазон е исто така најголемата вебстрана за купување кога станува збор за вредноста на берзата.

    Илон Маск е на второто место на оваа листа, бидејќи го зголеми своето богатство на 140 милијарди долари. Маск е шеф на компаниите Тесла, Спејс и Неуролинк, кои се добро познати низ целиот свет.

    Бил Гејтс, основачот на „Мајкрософт“ е на третото место на оваа листа. Гејтс се прослави кога го создаде еден од најчесто користените оперативни системи, а сега вреди 129 милијарди долари.

    Францускиот бизнисмен Бернард Арно е четврти на листата со богатство проценето на 105 милијарди долари, додека првиот човек на Фејсбук Марк Закерберг е на петто место со проценето богатство на 104 милиони долари.

    Следниот на листата „топ 10“ е Ворен Бафет, кој не се занимава со технологија, потоа Лери Пејџ, Сергеј Брин и Стив Балмер, кои исто така се занимаваат со технолошки бизнис.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично