ПОВЕЌЕ

    Се зголемува бројот на работниците во индустријата

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бројот на работниците во индустријата за една година се зголемил 1,5 проценти. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека индексот во февруари, а во однос на истиот месец лани изнесува 101.5.

    Споредбата, пак, на состојбата во првите два месеци од оваа година со ланските јануари и февруари, укажува на зголемување од два насто. Статистичкиот индекс е 102.0.

    Пораст од 5,8 проценти има кај работниците ангажирани во секторот рударство и вадење на камен, во преработувачката индустрија 1,2, додека во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемувањето е за 0,7 насто.

    Гледано по главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата бележи годишен раст кај енергија за 4,4 проценти, во капитални производи за 14,7 и трајни производи за широка потрошувачка за шест насто. Опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 6,8 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,4 отсто.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично