ПОВЕЌЕ

    СЕ ШИРИ БРАНОТ НА ОТПУШТАЊА КАЈ ТЕХНО-ГИГАНТИТЕ: Yahoo ќе отпушти 20% од својата работна сила

    Време зa читање: 2 минути

    Yahoo во четвртокот соопшти дека ќе намали 20% од вкупната работна сила до крајот на оваа година, бидејќи ќе ја реструктуира својата единица за рекламирање, што е само најнов пример на отпуштања кои се шират низ технолошката и медиумската индустрија.

    Портпаролот на Yahoo изјави за Си-Ен-Ен дека наследниот адвертајзинг-технолошки оддел на компанијата, Yahoo for Business, ќе биде ремонтиран и трансформиран во нов оддел наречен Yahoo Advertising. Како дел од таа промена, Yahoo планира да намали речиси 50% од вработените оваа година, „вклучувајќи скоро 1.000 вработени оваа недела“, рече портпаролот. „Овие одлуки никогаш не се лесни, но веруваме дека овие промени ќе го поедностават и зајакнат нашиот адвертајзинг бизнис на долг рок, истовремено овозможувајќи му на Yahoo да испорача подобра вредност за нашите клиенти и партнери“, рече портпаролот во соопштението.

    Аксиос, кој прв ја објави веста, рече дека укинувањето на работните места ќе влијае на повеќе од 1.600 луѓе вкупно. Yahoo не одговори веднаш на барањето за коментар за ова прашање.

    Извршниот директор на Yahoo, Џим Ланзон, изјави во интервју за Axios дека овие промени ќе бидат „исклучително корисни за профитабилноста на Yahoo во целина“ и ќе ѝ овозможат на компанијата „да оди напред“ и да инвестира повеќе во други делови од нејзиниот бизнис што се профитабилни.

    Најавата доаѓа кога се поголем број технолошки и медиумски компании ги намалуваат трошоците за да се прилагодат на повлекувањето на трошоците за дигитално рекламирање во услови на поширока неизвесност во глобалната економија.

    Некогаш синоним за самиот интернет во поголемиот дел од 1990-тите, Yahoo се бореше да најде важност во следните децении, бидејќи Google доминираше со пребарувањето и платформите за социјалните медиуми како Facebook, Instagram и YouTube го заменија како водечки онлајн дестинации.

    Аполо Глобал Менаџмент, компанија за приватен капитал, го купи Yahoo во 2021 година за 5 милијарди долари од Verizon, која ја купи компанијата во 2017 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично