ПОВЕЌЕ

    СЕ ПОМАЛКУ ВРАБОТУВААТ, СЕ ПОЧЕСТО ОТПУШТААТ: Германските компании заглавени во рецесија, отказите станаа секојдневие

    Време зa читање: 2 минути

    Германските компании се помалку се подготвени да вработат нови работници, се вели во извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Индикаторот што ја мери подготвеноста на германските компании за вработување падна на 95,5 поени во јануари од 96,5 поени во декември, објавено е на веб-страницата на IFO.

    „Компаниите прилично се двоумат да вработат нови луѓе, отпуштањата стануваат се поверојатно“, рече шефот за истражување на IFO, Клаус Волраб.

    Во германскиот производствен и трговски сектор владее песимизам за вработување на нови работници, а од овој тренд не е поштеден ниту услужниот сектор. Работниците првенствено ги бараат ИТ компаниите и фирмите кои обезбедуваат консултантски услуги.

    Германскиот градежен сектор е во криза која се одржува и се воздржува при вработување на кадри. Во посебна изјава, IFO рече дека германската економија е „заглавена во рецесија“ бидејќи деловното расположение на компаниите во Германија дополнително се влоши во јануари.

    Германските компании беа помалку задоволни од тековниот бизнис во споредба со декември и поскептични за развојот на нивниот бизнис во следните шест месеци.

    На и онака ослабената германска економија, поради падот на производството и деловната доверба, може да влијае и одлуката на Европската централна банка да ги задржи каматните стапки на високо ниво.

    Европската централна банка ги зголеми каматните стапки десет пати по ред во периодот од јули 2022 година до септември 2023 година, откако руската инвазија на Украина ги зголеми цените низ Европа, зголемувајќи ја нејзината референтна депозитна стапка од -0,5 отсто на 4,0 отсто. Олабавувањето на ценовните притисоци доведе до тоа банката да го паузира зголемувањето на каматните стапки на двата претходни состаноци во октомври и декември.

    Минатата недела Сојузниот завод за статистика на земјата објави дека германската економија минатата година се намалила за 0,3 отсто.

    Расмус Андресен (Зелени/ЕФА), германски член на Комитетот за економски и монетарни прашања на Европскиот парламент и известувач за годишниот извештај на парламентот за ЕЦБ 2022 година, ја осуди одлуката на ЕЦБ како „многу штетна“ и покрај фактот што овој исход беше предвиден .

    „Сите знаеме дека ако германската економија е болна, тогаш е болна и европската економија, бидејќи Германија има прилично доминантна економска улога во Европа“, изјави Андресен за Еурактив.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично