ПОВЕЌЕ

    СЕ ПОМАЛКУ ВОДА ДОСТАПНА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО, најавените дождови поволно ќе се одразат

    Време зa читање: 2 минути

    Дождовите што се најавени во земјава се корисни и добредојдени за сите земјоделски култури, велат агрометеорлозите. Тие објаснуваат дека поради долгиот сушен период во изминатиот период и високите температури, дождот ќе го подобри водно-физичкиот режим на почвата и ќе ја зголеми нејзината влажност што беше намалена.

    Согласно најавите на УХМР дека под влијание на циклонска активност деновиве ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Според тоа, агрометеоролозите велат дека треба да се применуваат соодветни агротехнички и превентивни мерки за зацврстување на пластениците и другите конструкции, но и да се расчистат одводните канали за полесно одлевање на површинските води.

    -На почетокот на овој месец се сади зелената салата, а кај останатите градинарски култури се берат плодовите. И кај лозарството има берба на некои касни сорти десертно грозје. Кај полјоделските култури овој месец почнува сеидбата на пченицата и јачменот. Времето на сеидбата има големо значење, бидејќи директно влијае врз времето на поникнувањето, презимувањето на растенијата, но и врз приносот. Некои сорти се сеат порано, а некои подоцна. Температурните услови диктираат кога треба да се засеат сортите во одреден регион. Се препорачува да се применуваат правилни агротехнички мерки. Доколку временските услови дозволуваат, да се продолжи и со другите агротехнички мерки – упатуваат од УХМР.

    Влажноста на почвата е многу значаен фактор за одгледување на земјоделските култури и за остварување квалитетен принос. Побарувањата од вода се големи скоро кај сите земјоделски култури, а токму овие количества врнежи кои ќе паднат во изминатите денови, ќе бидат потребни и корисни и за подготовка на почвата кај есенските култури што има значење за постигнување високи приноси.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично