ПОВЕЌЕ

    Се одржа првата „HalkTalk 2023“ бизнис-конференција за претприемачки организирана од Халкбанк

    Време зa читање: 4 минути

    На настанот што се одржа во Македонската филхармонија, на сцената говореа искусни претприемачки клиенти на Халкбанк, како и Агњешка Шпионек, специјалната говорничка од Mastercard Advisors

    „HalkTalk 2023“, конференцијата организирана од Халкбанк, а поддржана од Mastercard, која на едно место ја собра бизнис-заедницата на жени, се одржа под мотото „Се инспирираме и се охрабруваме една со друга“. Настанот беше дел од постојната поддршка и мотивација на жените претприемачи што имаат основано или се во процес на основање свои сопствени бизниси.

    На сцената на Македонската филхармонија, говорничките клиенти на Халкбанк блеснаа со своите говори преку кои ги споделија нивните искуства, предизвици и соништа за иднината на своите успешни бизниси. Говорите на Сања Лазаревска („For Lady“), Александра Никофоровски (балетска продукција и училиште „Булфрогс“), Симона Тасевска („Рикомак“), Сања Кокалова („Прима Фарм“), Катарина Георгиевска („Ранчо и Ванчо на Ката“), Данче Азманова Мирчевска (workingmom.mk/„Trixiebox“) и Снежана Илова (Дом за нега на стари лица „Жана“ – Неготино) добија искрени аплаузи од присутните гостинки, сегашни и идни претприемачки и соработнички на Банката.

    На динамичната панел-дискусија на тема „Финансиска слобода и независност: колку (многу) е потребно за почеток?“, која отвори, а истовремено и одговори голем број прашања поврзани со водењето сопствен бизнис, дискутираа Бојана Стојменовиќ-Петровска – психолог и консултантка за ментално здравје, Симона Константиновиќ – „Кеншо мајнд хаб“ и Пенка Муакетова – „Консалтинг Интер Груп“.

    Специјалната говорничка на оваа конференција, Агњешка Шпионек, Директорка на Mastercard Advisors, говореше за новите трендови во бизнисите и за перспективите што со себе ги носи вештачката интелигенција.

    „Оваа конференција е уште еден доказ дека ние како банка посветено работиме на поддршката на женското претприемништво. Јасно го гледаме фактот дека бизнисите водени од жени значително влијаат врз економијата во нашата земја и ќе ги искористиме сите начини на кои можеме да ги поддржиме жените во развојот и реализацијата на нивните бизниси“, изјави г. Билал Суџубаши, Главниот извршен директор на Халкбанк, кој ја отвори конференцијата со својот поздравен говор.

    „Ние во Mastercard веруваме дека не треба само да го водиме добро нашиот бизнис, туку и дека треба да правиме добри нешта додека го правиме истото. За да правиме добри нешта, секогаш ни се потребни партнери покрај нас, партнери како што е Халкбанк. Mastercard, како успешен глобален бренд, е посветен на поддршката на жените претприемачи, давајќи им инспирација, храброст и мотивација. А тука, заедно со Халкбанк, сакаме да дејствуваме во насока на креирање позитивно влијание врз локалната бизнис-заедница водена од жени“, изјави Вања Манова, Регионална менаџерка во Mastercard за Бугарија, Р. С. Македонија, Косово и Албанија, која им се обрати на присутните гостинки.

    Од Банката и натаму најавуваат постојана и недвосмислена поддршка на женското претприемништво и во годината што следува преку мноштвото продукти и поволности во своето портфолио, посветени на поддршката на нови и постојни бизниси водени од жени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично