ПОВЕЌЕ

    Сбербанк сега фокусирана на е-трговија

    Време зa читање: 2 минути

    Сбербанк очекува до 2030 година да генерира повеќе од половина од своите приходи во сектори надвор основни од банкарскиот бизнис, најавувајќи фокус на е-трговија.

    Сбербанк сака да биде меѓу тројцата водечки руски играчи во е-трговијата до 2023 година, а на почетокот на неделата најави преземање на мнозинскиот пакет акции на Интернет платформата СберМаркет.

    Руската банка инвестираше околу две милијарди долари во аквизиции и информатичка технологија за да ги стигне американските технолошки гиганти „Епл“ и „Гугл“, а исто така ја купи и медиумската групација „Рамблер“ и „Окко“.

    Во следните три години, приходите на Сбербанк од небанкарско работење треба да достигнат најмалку пет проценти од приходите на групацијата, рече првиот потпретседател на извршниот одбор, Лев Хасис, на почетокот на неделата.

    “Инвестираме значителни четири проценти од нашиот капитал во спроведувањето на таа стратегија и поголемиот дел од тие пари ќе ги насочиме кон развој на бизнисот со е-трговија“, посочи Хасис.

    Според него, Сбербанк досега инвестираше 12 милијарди рубљи (156 милиони долари) во Сбермаркет. Растот на Сбербанк во секторот најверојатно ќе биде органски, иако можни се партнерства, додаде Хасис, исклучувајќи ја можноста за големи спојувања и превземања.

    И покрај промената во фокусот, банкарското работење сè уште ќе претставува околу 70 проценти од нето оперативниот приход до 2023 година, според проценките презентирани од извршниот директор Герман Греф во понеделникот.

    Враќањето на капиталот на банката, е еден од клучните показатели за профитабилноста, и тој треба да надмине 17% во периодот од 2020 до 2023 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично