ПОВЕЌЕ

    Сава пензиско друштво а.д. Скопје со поддршка за здравствените работници и спортистите

    Време зa читање: 2 минути

    Создавање на долгорочни врски и трајни вредности со општеството во кое работиме е клуч за успех и подобра иднина. Корпоративната општествена одговорност претставува интегрален дел од начинот на кој работи и функционира Сава пензиско друштво а.д. Скопје.

    Со цел да им помогне на здравствените институции и лекари, Сава пензиско друштво а.д. Скопје како општествено одговорна компанија изминатата година даде поддршка и донираше над 4.200.000,00 денари за опрема и директни донации на повеќе здравствени центри и клиники во Скопје, Куманово, Битола, Охрид, Струмица, Прилеп, Тетово и Вевчани. Дел од овие средства беа наменети и за поддршка на спортот и локалните спортски клубови, во насока на промоција на здравиот начин на живот и развој на спортот.

    „Унапредувањето и подобрувањето на условите, како во здравството така и пошироко остануваат во фокусот на нашето работење. За нас како компанија грижата за заедницата во која работиме е еден од главните приоритети. Веруваме дека нашата определба за подобар и поквалитетен живот на луѓето е вистинска формула за заеднички успех.“, изјави членот на Управниот одбор, г. Петар Талески.

    Сава пензиско друштво а.д. Скопје е компанија која редовно секоја година вложува во реализација на проекти, спонзорства и донации, се со цел да го подобри квалитетот на живот на граѓаните.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично