ПОВЕЌЕ

    Сава пензиско друштво ја намалува употребата на хартија: Договорите за членство се потпишуваат дигитално

    Време зa читање: < 1 минутa

    Нова услуга со еколошка особеност, воведе Сава пензиско друштво: дигитално потпишување на договорите за членство. Во овој дел е намалена употребата на хартија, а предност се дава на мобилниот телефон и на компјутерот. Воедно, полесен е и побрз пристапот до фондовите. Или, паралелно се штеди време и се штити животното опкружување.

    Со ова е воспоставен едноставен и безбеден процес, во кој потпишувањето се врши со сертифициран дигитален потпис, во присуство на агентотот од друштвото и на членот. Откако потпишувањето ќе се реализира преку компјутер или мобилен телефон, членот веднаш добива дигитално потпишан договор на својот е-маил.

    „Осигурајте ја Вашата пензиска иднина на брз, безбеден и еколошки начин“, порачуваат од Сава пензиско друштво, укажувајќи дека на тој начин се придонесува во заштитата на животната средина. Повеќе информации заинтересираните можат да најдат на следниот линк: https://nikogassami.mk/…/naslov-digitalno-potpishuva-e…/

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично