Кина одлучи да наметне санкции на неколку американски компании.
Денес, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи објави дека се воведуваат санкции и дека меѓу тие компании се и Локид Мартин, Боинг и Рејтон.
Минатата недела Вашингтон одобри продажба на оружје во вредност од 1,8 милијарди долари на Тајван, и покрај предупредувањата на владата од Пекинг дека тоа ќе им нанесе голема штета на односите меѓу двете економски најмоќни земји во светот.