ПОВЕЌЕ

    „Самсунг“ потпиша договор од 6,6 милијарди долари за 5Г

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата „Самсунг Електроникс“ ќе развие мрежна инфраструктура за „Веризон комуникации“ согласно потпишаниот договорот во износ од 6,65 милијарди американски долари.

    Јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг“ ги победи ривалите како „Нокиа“, кои во минатото соработуваа со „Верзион комуникации“ американска телекомуникациска компанија која нуди безжични производи и услуги.

    Договорот ќе трае до 2025 година.  „Самсунг“ и „Веризон“ пред неколку години остварувале соработка, поточно во 2018 година, „Самсунг“ стоеше зад 5Г услугата за домаќинства што „Верзион“ им ја понуди на некои клиенти во Калифорнија, Тексас и Индијана.

    „Самсунг“ ја демонстрираше посветеноста за соработка за да поттикнат иновации во 5Г, се вели во соопштението на „Верзион“.

    „Самсунг“ го победи ривалот „Нокиа“, но „Хуавеј“ не учествуваше во трката за потпишување на договорот.  Според САД,  безбедносен ризик е да и се даде на Кина премногу голем пристап до 5Г системи, за кои се очекува да поддржуваат фабрички роботи, автомобили кои сами возат како и други напредни апликации.

    Во поново време, администрацијата на Трамп вршеше притисок врз европските компании да не работат со „Хуавеј“. Во февруари, јавниот обвинител Вилијам Бар, рече дека американската влада треба да размисли да преземе контролен удел во европските компании „Нокиа“ и „Ериксон“ за да ги спречат глобалните амбиции на „Хуавеи“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично