ПОВЕЌЕ

    Самсоненко го зголеми својот удел во тетовски „Жито Полог“

    Време зa читање: 2 минути

    Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко стекна нови 2.469 обични акции со право на глас издадени од „Жито Полог“ АД Тетово. По ова, во негова сопственст се 11.119 обични акции со право на глас. Или, 19,86 отсто од вкупниот број акции на оваа тетовска компанија.

    Во извештајот за промена на сопственоста, доставен до Македонска берза, наведено е и тоа дека  Златко Пирузе продал 6.417 обични акции со право на глас. Со тоа, тој повеќе не поседува акции од „Жито Полог“.

    Исто така, 6.417 обични  акции со право на глас се купени и од страна на Друштвото за реклама, маркетинг, трговија и услуги „Лид Комјуникејшнс“ ДОО Скопје. Тоа претставува 11,46 отсто од вкупниот број издадени акции.

    Воедно, Друштвото за трговија, производство и услуги „АС Сењак“ увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ извршило продажба на 2.469 обични акции со право на глас. Сега во своја сопственост има 7.679 обични акции, што е 13,71 процент од вкупниот број издадени акции на „Жито Полог“ од Тетово.

    Инаку, според состојбата од минатиот месец, кога беше објавен јавниот повик за одржување на акционерското собрание, „Жито Полог“ има издадено 55.997 акции, а поседува 5.499 сопствени акции. Вкупниот број на обични акции со право на глас е 50.498.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично