ПОВЕЌЕ

    Само околу 2% од домашните компании имаат сертификат за деловна успешност

    Време зa читање: 2 минути

    Сојузот на стопански комори (ССК) заедно со бонитетната агенција „Таргет Груп“ го претставија Сертификатот за деловна успешност, кој е нивен заеднички проект, и за кој сметаат дека дека ќе влијае врз конкурентноста на компанииите кои се дел од домашната економија. Целта на сертификатот, како што нагласи претседателот на Сојузот на Стопанските Комори на Македонија, Трајан Ангелоски, е да се истакнат квалитетните компании, за другите, кои би соработувале со нив, да имаат повеќе доверба при реализирањето комерцијална и финансиска соработка.

    Притоа, бонитетната агенција „Таргет груп“ ќе го сработи делот на аналитиката и издавањето на сертификатот, а ССК ќе учествува во надзорот и контролата на процесот, истакна Ангелоски. Огнен Огненовски од „Таргет груп“ објасни дека Сертификат за деловна успешност ќе добијат само компаниите со висока бонитетна оценка А и Б за 2021 година. „Бонитетната оценка подразбира претходна длабинска и сеопфатна финансика анализа на трговските друштва и споредба на нивната работа со индустријата и стопанството според повеќе параметри, во кои особено се издвојува критериумот на остварен профит, но тој ни оддалеку не е единствениот критериум“, рече Огненовски, напоменувајќи дека се работи за околу 20 индикатори.

    Годинава кај нас носители на Сертификатот за деловна успешност се 1.083 компании, главно мали и средни бизниси, додека мал е бројот на големите кои се во оваа листа. Сите имаат обрт поголем од 12 милиони денари. „Во 2021 година Сертификат добиле под два отсто од вкупниот број компании во државата. Тие вработуваат 63 348 лица, главно се од ИТ секторот и неспецијализираната трговија на големо, а имаат исплатено нето плата од 32.207 денари по вработен. Од компаниите со ваков Сертификат, 63 отсто биле од Скопје. Од компаниите кои стекнале Сертификат за деловна успешност, во 100 отсто македонска сопственост се 72,5 проценти, а во 100 отсто странска сопственост се 11 проценти“, истакна Огненовски, додавајќи дека од ова може да се заклучи дека македонските претприемачи знаат и можат да бидат успешни.

    Инаку, сертификатот за деловна успешност постои во повеќе европски држави и е потврда за развиеноста на одредени правни субјекти, како и на институциите во Европската Унија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично