ПОВЕЌЕ

    Во Америка, секое петто домаќинство соочено со недостиг на храна

    Време зa читање: 2 минути

    Резултатите од анкетата која во период од 20 до 28 април на ниво на целата земја ги спроведе Институтот рукингс покажааа дека повеќе од 20 отсто од домаќинствата во април се соочија со проблемот со недостаток на храна.

    ЊУЈОРК

    Истражувањето спроведено во Соединетите Американски Држави покажа дека поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) во таа земја секое петто домаќинство се соочува со недостаток на храна.

    Резултатите од анкетата која во период од 20 до 28 април на ниво на целата земја ги спроведе Институтот рукингс покажааа дека повеќе од 20 отсто од домаќинствата во април се соочија со проблемот со недостаток на храна.

    Во анкетата се наведува дека овие домаќинства понекогаш или обично немаат пари за купување храна, поради што многумина граѓани и нивните деца не можат правилно да се хранат.

    Во анкетата е истакнато дека проблемот со недостаток на храна во американските домаќинства е речиси двојно поголем во однос на претходно слично истражување спроведено во 2018 година, кога истиот проблем го имало 11 отсто од домаќинствата.

    Во САД во изминатите седум недели од појавувањето на Ковид-19, рекордните 33 милиони луѓе поднесоа барања за парична помош поради невработеност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично