ПОВЕЌЕ

    САД ставија 33 кинески компании на црната листа

    Време зa читање: 2 минути

    Министерството за трговија на САД објави дека додава 33 кинески компании и други институции на економската црна листа.

    Како што е наведено, тоа е направено поради кршење на човековите права и поради загриженост за американската национална безбедност, која вклучува оружје за масовно уништување и други воени активности.

    Според Reuters, црната листа е последниот обид на администрацијата на Трамп да ги нападне компаниите кои се врзани за воените набавки и да го казни Пекинг поради постапување со муслиманските малцинства, а до нејзе доаѓа во време кога лидерите на Комунистичката партија во Пекинг откриле детали за планот за воведување закони за националната безбедност во Хонг Конг.

    Одделот за трговија соопшти дека санкционира девет компании и институции со образложение дека тие се „соучесници во кршење на човековите права и злоупотреби извршени во кинеската кампања за репресија, масовен произволен притвор, принудна работа и тест на високa-технологија врз Ујгурите“ и друго.

    Министерството за трговија исто така додаде 24 владини и трговски организации на економската листа поради овозможена набавка на предмети кои може да ги користи кинеската војска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично