САД и ЕУ освен што вчера се договорија да ги исфрлата од SWIFT системот поголемиот дел од руските банки, а следна на удар ја ставија и централната банка, донесоа уште една одлука. Станува збор за замрзнување на имотите на руските олигарски што се наоѓаат во западните земји.
Светските медиуми пренесуваат дека за таа цел ќе се формира и работна група.
,,Договорот од саботата, исто така, вклучува формирање на работна група за идентификување и замрзнување на имотот на руските олигарси, владини претставници и компании. Тоа вклучува јахти, авиони, автомобили и луксузни апартмани на Запад кои припаѓаат на руски милијардери‘, според американски официјален претставник кој сакаше да остане анонимен.
Инаку, Русија не може нужно да смета на кинеските финансиски институции за да го ублажат ударот на западните казни, и покрај зголемената дипломатија меѓу Москва и Пекинг. Најмалку две од најголемите кинески државни банки го ограничуваат финансирањето за купување руски стоки, објави Блумберг во петокот.