Авиокомпанијата „Рајанер“ минатата година оствари финансиска загуба од околу една милијарда евра, соопшти управата на компанијата.
Според официјалните податоци, во третиот квартал од минатата година, загубата изнесувала 306 милиони евра, пренесуваат агенциите.
„Во последните три месеци од претходната година беа превезени 8,8 милиони патници, што е за дури 78 проценти помалку отколку во 2019 година, кога беа пренесени 35,9 милиони патници во истиот период“, соопштија од ниско буџетната авиокомпанија „Рајанер.
Компанијата, сепак, очекува да се нормализираат работите, и брзо закрепнување во летните месеци.
Сепак, во Рајанер не планираат да ги намалат трошоците и посочуваат дека профитот по завршувањето на пандемијата на корона вирусот ќе биде исклучителен.