ПОВЕЌЕ

    Рускиот суд го казни Телеграм затоа што не бришел забранета содржина

    Време зa читање: < 1 минутa

    Московскиот суд го казни Telegram со 7 милиони рубљи (околу 67.300 долари) затоа што одбил да ги отстрани информациите забранети во Русија, соопшти судската прес-служба.  Телеграм беше прогласен за виновен за административен прекршок затоа што не го ограничи пристапот до информации кога таквото ограничување го бара рускиот закон, се вели во соопштението на судот, пренесе новинската агенција Ксинхуа.

    Судот не ги прецизираше забранетите информации кои довеле до парична казна. Минатиот месец Телеграм беше казнет со 4 милиони рубли за сличен прекршок.  Со приближно милионски претплатници, Telegram сега е една од водечките платформи за пораки во светот и влијателна во Русија.

    Telegram е месинџер кој е основан во 2013 година од Павел Дуров, основачот на социјалната мрежа „ВКонтакте“, инаку најпопуларната во Русија. За 11 години, месинџерот Telegram прерасна во комплетна социјална мрежа со 900 милиони активни корисници месечно, а на 9 август 2023 година за прв пат ја престигна мрежата „ВКонтакте“ според просечната дневна посетеност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично