ПОВЕЌЕ

    Русија сака шаблонот гас-за-рубли да го примени за отплата на своите долгови

    Време зa читање: 4 минути

    Русија размислува да им исплати на сопствениците на еврообврзницата со примена на механизмот што го користи за обработка на плаќањата за својот гас во рубли, иако инвеститорите велат дека овој потег нема да ѝ овозможи на Русија да избегне историско неисполнување на долгот. Шемата, според Кремљ и рускиот министер за финансии, ќе ѝ овозможи на Москва да им плаќа на сопствениците на обврзници додека ја заобиколува западната платежна инфраструктура.

    Ова доаѓа неколку дена откако Вашингтон одлучи да не ја продолжи лиценцата што им дозволуваше на американските доверители да добиваат исплати на обврзници, истовремено овозможувајќи ѝ на Русија да го избегне неисполнувањето на обврските.

    Тој потег на американското Министерство за финансии ја турна Русија чекор поблиску до неплаќање на долгот во тврда валута. Странските иматели на еврообврзници сега чекаат две исплати кои достасуваа минатата недела, но имаат 30-дневен грејс-период.

    Русија вели дека има готовина и дека е подготвена да плати, одбивајќи секакви разговори за неисполнување на обврските. Министерот за финансии Антон Силуанов во понеделникот изјави за весникот Ведомости дека Москва ќе продолжи да ги сервисира своите надворешни долгови во рубли. „Како што се случува со плаќањето на гас во рубли: ние сме кредитирани со странска валута, овде се заменува за рубли во име на (купувачот на гас) и вака се одвива плаќањето“, рече тој. „Механизмот за порамнување на еврообврзницата ќе функционира на ист начин, само во друга насока.

    Парите ќе бидат канализирани преку рускиот Национален депозитар за порамнување (НСД), изјави Силуанов за Ведомости.

    За разлика од многу руски финансиски институции, НСД не е под санкции од Западот. Нема да има ограничување за конверзија на рубљата во други валути и шемата ќе биде разгледана од владата наскоро, рече тој.

    Во конференцијата со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, го одобри планот на Силуанов, но рече дека Министерството за финансии ќе се консултира со сопствениците на обврзници пред да го воведе. „Има пари, има подготвеност да се плати, било во рубли или според шема која е најпогодна за сопствениците на обврзници. Сè ќе зависи од тие контакти“, рече Песков.

    СКЕПТИЦИЗАМ ОКОЛУ РУСКИОТ ПЛАН

    Русија има неподмирени меѓународни обврзници во вредност од околу 40 милијарди долари, на кои доспеваат нешто помалку од 2 милијарди долари до крајот на годината. Некои од нејзините обврзници, издадени по 2014 година, имаат одредби што треба да се порамнуваат во НСД и во алтернативни валути, вклучително и рубли.

    Условите под кои се издадени обврзниците обично пропишуваат дека сите доверители да бидат исплатени, а ако тоа да не се направи може да се смета за неисполнување на обврските. Инвеститорите рекоа дека неисполнувањето на обврските изгледа неизбежно сега кога на американските доверители им е забрането да прифаќаат исплати на руски долг.

    „Тоа е изводливо од правна гледна точка како начин да се добијат пари до сопствениците на обврзници, но не како начин да се избегне неисполнување на обврските“, вели за Ројтерс инвеститор со седиште во Европа.

    Сепак, инвеститорите во Европската унија сè уште можат да примаат исплати, рече Зија Улах, партнер и шеф на корпоративниот криминал и истраги во адвокатската фирма „Евершедс Сатерленд“, „освен ако банка која е предмет на замрзнување на имотот не е вклучена во синџирот на плаќања“.

    Некои европски енергетски компании отворија сметки во рубљата во руската Газпромбанк, откако Кремљ побара од „непријателските“ земји да го платат гасот во рубљи или да бидат прекинати. Купувачите мора да депонираат евра или долари на сметка во руска банка, која ги претвора готовината во рубли.

    Изворот на финансискиот пазар рече дека не е одлучено која банка ќе се користи за исплата на еврообврзниците. Улах рече дека Русија нема да може да врши плаќања во долари бидејќи на банките во САД им е ограничено да расчистуваат такви зделки. „Се што е деноминирано во долар ќе треба да се плати во друга валута… Се додека прифаќате плаќања без долари, нема ништо да го спречи тоа“, додаде тој.

    Но, инвеститорите беа скептични, со оглед на стигмата поврзана со справувањето со Русија. „Законски изгледа возможно, но мислам дека луѓето нема да го подигнат“, рече сопственик на обврзници со седиште во Европа, нарекувајќи ја шемата за плаќање „тешка сива зона“. „Реалноста е дека за глобален фонд кој има бизнис и во САД и во Европа би било тешко да се прифати овој механизам“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично