ПОВЕЌЕ

    Русија ја забрани продажбата на Самсунг телефони

    Време зa читање: 2 минути

    Русија му забрани на Samsung Electronics да увезува и продава 61 модел на паметни телефони во Русија поради тужба за непочитување на интелектуалната сопственост поврзана со системот Samsung Pay.

    Швајцарската компанија SQWIN SA поднесе тужба во која се тврди дека Samsung Pay го прекршува нејзиниот патент за електронски систем за плаќање регистриран во Русија. Самсунг одговори дека е поднесена жалба против постапката и дека нема да дава дополнителни изјави за ова прашање до понатамошно известување. Од друга страна, SQWIN SA исто така не сакаше да ја коментира жалбата поднесена од Samsung, пишува порталот pcpress.rs.

    Според пресудата донесена од Арбитражниот суд во Москва на 19 октомври, дури 61 модел на телефони Самсунг добиле забрана за увоз и продажба во Русија, токму поради кражба на интелектуална сопственост.

    Оригиналната судска одлука на 27 јули ја потврди поднесената тужба, но не беше наведено за кои уреди станува збор, поради што SQWIN SA поднесе жалба во август. Во последната одлука на судот беше претставен список на сите уреди на кои се однесува пресудата. Можна е жалба на оваа пресуда во следниот месец.

    Зачестија судските процеси меѓу големите компании, а веќе не е новост дека одредени производители се забранети во други земји. Сепак, правните војни не влијаат на корисничкото искуство, па не може да се каже дека одреден бренд ја губи популарноста поради судските пресуди.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично