ПОВЕЌЕ

    Русија го елиминираше американскиот долар

    Време зa читање: 2 минути

    Русија во рок од еден месец целосно ќе го елиминира американскиот долар во структурата на Националниот фонд за богатство (ФНБ) и ќе гo намали уделот на британски фунти.

    Ова вчера го соопшти рускиот министер за финансии Антон Силуанов на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

    „Ние, како и Централната банка, донесовме одлука да ги намалиме средствата на Фондот вложени во доларска актива. Во денешната структура, околу 35% од средствата на ФНБ се инвестиции во долари. Одлучивме целосно да ги повлечеме доларите и да го замениме вложувањето во долари со зголемување на уделот во евра и злато “, рече Силуанов.

    Тој додаде дека преминот кон новата структура на ФНБ се очекува во рок од еден месец.

    Како што прецизираше, уделот на доларот во структурата на Фондот ќе се сведе на нула, уделот на британската фунта ќе се намали од 10 на пет проценти, уделот на јапонскиот јен ќе остане на пет проценти, додека учеството на еврото ќе се зголеми од 35 на 40 проценти, јунот од 15 на 30 проценти, а златото со учество од 20 проценти ќе влезе во структурата.

    На прашањето кога тоа ќе се случи, Силуанов рече „прилично брзо, во рок од еден месец“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично