ПОВЕЌЕ

    Русија е трет најголем извозник на стоки во ЕУ

    Време зa читање: < 1 минутa
    Русија е трет по големина извозник на стоки во ЕУ, со вредност на извезените артикли од 42,5 милијарди евра во периодот од јануари до април годинава, се вели во извештајот на Европската агенција за статистика Евростат.

    Во извештајот се наведува дека во првите четири месеци од годинава, извозот на руска стока се зголемил за 12,4 проценти во споредба со истиот период минатата година, кога вредноста на извезените производи изнесуваше 37,8 милијарди евра.

    Истиот извештај покажува дека извозот на стоки од ЕУ во Русија се зголемил за 7,3 проценти во истиот период, од 25,9 на 27,8 милијарди евра.

    Кина е прва на списокот на извозници на стоки во ЕУ, со вредност од 139,4 милијарди евра, а на второ место се САД со вредност од 71,4 милијарди евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично