Wizz Air, трета по ред најголема авиокомпанија во Италија и еколошки најодржлива авиокомпанија на глобално ниво*, се придружува на „Црн петок“ со попуст до 25% на летовите за членовите на WIZZ Discount Club и до 20% за сите патници. Промоцијата е активна од полноќ до 23:59 часот по средноевропско време на 24 ноември. Без разлика дали бараат божиќни понуди во последен момент или почнуваат да прават планови за следната година, патниците можат да планираат патување по прифатлива цена до 15 март 2024 година и да ги искористат предностите на промоцијата wizzair.com или преку WIZZ мобилната апликација.
Патниците можат да уживаат во неодоливи цени на летови од Скопје до Рим, Осло, Стокхолм, Меминген (цени од дури 9,99 евра), Милано, Болоња, Копенхаген, Венеција, Братислава (од 14,99 ЕУР), Бремен и Лондон (од 19,99 евра); како и од Охрид до Меминген (од 14,99 ЕУР) и Дортмунд (од 19,99 ЕУР).
Но, тоа не е сè што Wizz Air има подготвено за патниците на Black Friday: авиокомпанијата нуди 20% попуст при изборот на седишта и 20% поврат во кредити за членовите на WIZZ Discount Club Light кога ќе преминат на стандардниот план. Уште едно изненадување ги очекува патниците од летовите што се реализираат од 24 до 26 ноември: 20% попуст на артиклите во бутикот исклучиво за членовите на WIZZ Discount Club.
За да бидат целосно подготвени за претстојното патување, патниците можат да уживаат во специјални понуди за сместување во хотел и услуги за изнајмување автомобили преку партнерите на Wizz Air. Кога прават резервација преку партнерите на Wizz Air, патниците добиваат 5% од вредноста на нивната резервација како кредит на Wizz Air.