Денес истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост-ковид периодот што е наменет за компаниите што инвестирале за време на пандемијата со коронавирусот Ковид-19.
Со повикот, кој е дел од третиот сет економски мерки за поддршка на економијата од последиците предизвикани од пандемијата, државата предвидува финансиска поддршка од вкупно 20 милиони евра за сите компании кои годинава и покрај пандемијата и економската криза продолжија да работат и да инвестираат во раст и развој на својот бизнис.
Јавниот повик беше објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 12 јуни 2020 година и досега се пристигнати над 300 барања од компании.