ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Ревидираните индекси МБИ10 и ОМБ ќе се пресметуваат од први јули

      Време зa читање: < 1 минутa

      Елементи на индексот МБИ10 остануваат обичните акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, „Гранит“ АД Скопје, „Алкалоид“ АД Скопје, „Макпетрол“ АД Скопје, „Македонијатурист“ АД Скопје, „Македонски телеком“ АД Скопје, НЛБ банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и УНИ банка АД Скопје – одредено е по направената редовна ревизија на берзанските индекси од страна на Комисијата за берзански индекс.

      Исто така, информираат од Македонска берза, согласно Методологијата за пресметување на индексот на обврзници, Комисијата ги определила обврзниците – елементи на ОМБ. Тоа се обврзниците за денационализација- петнаесетта емисија (RMDEN15), од шеснаесетта емисија, седумнаесетта емисија (RMDEN17), осумнаесетта емисија (RMDEN18), деветнаесетта емисија (RMDEN19), дваесетта емисија (RMDEN20), дваесет и прва емисија (RMDEN21) и обврзниците за денационализација-дваесет и втора емисија (RMDEN22).

      Индексите по новиот состав ќе почнат да се пресметуваат од први јули.

      Следната редовна ревизија на индексите е на 15 декември годинава.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично