ПОВЕЌЕ

    Рестораните и кафе баровите кои се подружници извисија за државна помош, објавено кој ќе добие

    Време зa читање: 2 минути

    Помош ќе добијат угостителите, меѓу кои се и лиценцираните ноќни клубови и туристички агенции. Субвенции ќе добијат и естрадните уметници, организаторите на настани и детските одморалишта, односно станува збор за 10.000 компании со 60.000 вработени.

    -Многу е важно да се наведе дека за сите јавни повици, основа за пресметка на поддршката се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, земјаќи дека беше една од најуспешните години за овие сектори кои што се наведени. Висината на поддршката се пресметува во висина од 30% од просечниот месечен приход, дополнително секој регистриран активен субјект ќе добие поддршка во висина од 15.200 денари по вработен. – Крешник Бектеши- Министер за Економија.

    Кај туристичките агенции износот кој ќе биде пресметан за поддршка е остварен вкупен приход, број на вработени и вид на лиценца од 60.000 до 300.000 денари.

    Бектеши ги соопшти и условите за враќање на парите, а субјектите сами ќе одлучат што ќе одберат од понудените опции…

    Доколку на 31 декември има намален број на вработени, споредбено со почетокот на годината, тогаш ќе има обврска да врати 50% од примената финансиска поддршка. Доколку во истиот период го задржал бројот на вработени ќе има обврска да врати само 20% од вкупниот износ и ако истиот период има зголемен број на вработени, а тоа може да биде и едно вработување, тогаш нема обврска да врати средства.

    Бектеши појасни дека нема да има државна помош за рестораните и кафе баровите кои работат како подружници. Поради тоа, угостителите на кој угостителството не им е главна дејност не можат да аплицираат и покрај тоа што со одлука на Влада беа затворени три недели.

    Угостителите пак реагираа дека одлуката на Владата да не ги промени условите за аплицирање е голема неправда.

    Бектеши најави дека следната недела ќе се објави повик за поддршка и на фитнес-клубовите и дека е убеден оти мерките полека ќе ја нормализираат економијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично