ПОВЕЌЕ

    Реплек: За шест месеци фармација со приход од 11,2 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Продажбата во сегментот фармација на скопски „Реплек“ во првата половина од годинава му донела приход од 693 милиони денари или 11,2 милиони евра. Во споредба со истиот лански период зголемувањето е за 32 проценти, односно во износ од 168 милиони денари (2,7 милиони евра). Ваквите остварувања се согласно планот, информираат од „Реплек“ АД преку ценовно чувствителната информација објавена на Македонска берза.

    Приходите од продажбата на странски пазар, со учество во вкупните приходи од продажба на сегментот фармација од 82 проценти (во 2022 – 77%) се зголемени за 41 насто. На домашниот пазар, пак, приходите забележале раст од два проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично