ПОВЕЌЕ

    Реплек: Продажбата на домашниот пазар со раст од 20 насто

    Време зa читање: 2 минути

    Продажби од 7,2 милиони евра во сегментот фармација оствари скопската компанија Реплек во првиот квартал од годинава. Притоа, годишен раст од 20 насто бележи домашниот пазар, каде што се реализирани 2,2 милиони евра од вкупните продажби. Пет милиони евра доаѓаат од извозот, кој и натаму доминира со 75 отсто учество во приходите.

    И покрај растот на домашниот пазар, вкупните продажби се за осум отсто пониски во однос на истиот период лани, што компанијата го поврзува со променетата динамика на извозните пазари и на глобалните проблеми во синџирите на снабдување, поради што дел од испораките се поместени за вториот квартал.

    На Собранието на акционери, одржано на 1 април, акционерите едногласно ги усвоиле предложените одлуки, вклучително и таа за зголемување на дивидендата за 25 насто, на 500 денари бруто по акција. Ова се толкува како потврда за довербата во стратегијата и стабилноста на компанијата.

    Реплек најавува дека ќе продолжи со проширување на присуството на странските пазари, развој на нови производи и инвестиции во производството, додека во наредниот период очекува стабилизирање на продажбата со реализација на одложените испораки.

    „Реплек АД останува фокусиран на диверзификација на пазарите, стабилност на партнерската мрежа и проактивно управување со ризиците, со цел одржување на стабилен раст и континуирано создавање вредност за акционерите“, порачуваат од компанијата.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично