ПОВЕЌЕ

    „Реплек“ преговара за преземање на ексклузивитетот за пласман на „HealthAid“ производите во регионот

    Време зa читање: 2 минути

    „Реплек“ ќе ги преземе ексклузивни права за маркетинг и дистрибуција и ќе биде единствената компанија во регионот преку која ќе се пласираат производите што го носат печатот на британскиот „HealthAid“ Limited UK. Тоа е дел од стратегијата за зголемување на пазарната позиција и за долгорочен раст и развој.

    За стартот на преговарачкиот процес со актуелниот генерален регионален застапник „Демакс Нова“ ИНТ, кој оваа позиција ја има од 2006 година, од „Реплек“ информираат преку објава на Македонска берза.

    „Реплек АД Скопје известува дека на 29.01.2024, по интензивни и обемни преговори, пристапи кон достава на Писмо на намери кон г-дин Дејан Николовски, Демакс Нова ИНТ. ДООЕЛ Скопје и Демакс Нова ДОО РС, и истото е потврдено и потпишано од сите засегнати страни.

    Со тоа е постигнато официјално отпочнување на преговорите за превземање на ексклузивните права за маркетинг и дистрибуција на производите на HealthAid Limited UK од Велика Британија, за целиот регион“, наведено е во информацијата.

    Притоа, се посочуваат клучните детали за преговорите. Се работи за стекнување  ексклузивни права за маркетинг и дистрибуција на производите од „HealthAid“, со кои ќе бидат опфатени Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

    „HealthAid“ е познат бренд на пазарот за додатоци во исхраната. Постои повеќе од 40 години, а производите – над 560, се продаваат во 60 земји низ светот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично