ПОВЕЌЕ

    Реплек отвори нов производствен блок – До крајот на годината ќе инвестира уште 10 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Реплек го модернизира и автоматизира производниот процес. Инвестирани се над два милиони евра во нов производствен блок по највисоки фармацевтски стандарди. Со тоа, компанијата го зголемува производствениот капацитет за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за 25 проценти. Во рамките на новиот производствен блок е инсталирана најсовремена технолошка линија во која се вградени напредни системи и вештачка интелигенција за контрола на квалитетот во реално време.

    „Реплек, еден од симболите на континуитет, квалитет и професионализам, во годината кога слави 80 години постоење, прави нов, визионерски чекор. Со новиот фармацевтски производствен блок, Реплек не само што го модернизира и автоматизира својот производствен процес, туку го зголемува капацитетот за примарно и секундарно пакување на цврсти фармацевтски форми за значајни 25 проценти. Тоа значи нова технологија, поголема ефикасност, повисоки стандарди, но и нова потврда дека нашата земја има потенцијал и капацитет за индустриски раст“, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на свеченоста во Реплек.

    Според него, силата на една држава не се мери само по нејзиниот буџет, туку по храброста на нејзините луѓе да вложат, да создадат и да веруваат дома.

    „Оваа инвестиција има особена тежина, затоа што е домашна. Станува збор за македонски капитал, за македонска компанија, за вложување во иднината на македонската индустрија. Во време кога често се зборува само за странски инвестиции, денес овде покажуваме дека и домашните претприемачи, визионери и стопанственици се исто така, моторот на развојот“, нагласи Мицкоски.

    Воедно, тој уште еднаш повтори дека Владата е цврсто посветена на поддршка на домашните компании – не само како економски субјекти, туку како двигатели на иднината.

    „Нашата стратегија е јасна: создавање поволна деловна клима, намалување на бирократските бариери, поддршка за развој, за иновации, за извоз, за зголемување на додадената вредност. Ние веруваме дека силна економија се гради не само со странски капитал, туку и со грижа за својот – за секој што решил да остане, да вложи, да создаде тука, во Македонија. Реплек“ е пример за тоа, пример што инспирира и мотивира“, истакна премиерот, кој четитајќи им на менаџџментот и на вработените во компанијата посочи дека нивната работа не е „само технолошки успех – тоа е и патриотизам, и визија, и одговорност“.

    До крајот на годинава Реплек планираат и други вложувања во развојни проекти, во висина од 10 милиони евра. Како што нагласуваат одд фармацевтската компанија, овие инвестиции се дел од долгорочната стратегија за севкупна модернизација на производствените процеси кои треба да овозможат одржлив раст и дополнително зголемување на извозната конкурентност.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично