ПОВЕЌЕ

    Реплек не остана имун на менаџерските пресметки, добивката намалена за 42 проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Реплек АД Скопје во периодот од 1 јануари 2021 година до 31 декември 2021 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од 59.710.425 денари и бележи намалување од 42% во однос на истиот период минатата година. Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од 76.000.000 денари што претставува дел од остварениот резултат на поврзаните субјекти во 2020 година (претходната година е извршена распределба на дивиденди од поврзаните субјекти на износ од 108.000.000 денари од остварениот резултат во 2019 година).

    Оперативните приходи изнесуваат 110.936.585 денари и се зголемени за 6%, а оперативните расходи изнесуваат 125.704.950 денари и бележат зголемување за 16% во однос на истиот период претходната година. Вкупните приходи од продажба се зголемени за 6% во однос на истиот период минатата година.

    Во поединечните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2021 до 31.12.2021 година кредитното задолжување е намалено за 31.238.100 денари, односно на 31 декември 2021 година изнесува 48.158.723 денари (на 31 декември 2020 година изнесува 79.396.823 денари).

    Согласно Одлука за распределба на добивка донесена на Собрание на ден 08.04.2021 година, Реплек АД Скопје има исплатено бруто дивиденди и награди во вкупен износ од МКД 75.705.306 денари, односно исплата на дивиденда во нето износ од 2.153 денари по акција. На ден 22.09.2021 година донесена е одлука на Собрание на акционери за дополнителна исплата на дивиденда во нето износ од 918 денари по акција или бруто износ од 1.020 денари по акција во вкупен бруто износ од 26.438.400 денари.

    Реплек АД Скопје во текот на 2021 година има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од МКД 76.000.000 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично