ПОВЕЌЕ

    Реформите мора да се суштински и длабоки – Никола Поповски во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Фискална дисциплина без структурни реформи не носи трајно подобрување, вели универзитетскиот професор и поранешен министер за финансии Никола Поповски кој гостува во „Каде се парите?“. Тој посочува дека може „технички“ да се намалува дефицитот, но ако не се менуваат системските алатки како даночни закони, правила и услови за работење и рамката на јавни политики, тогаш тоа е само игра со бројки. Според Поповски, кај нас доминира наративот „ќе има помал/поголем дефицит“, но без вистински реформски потег што ќе ја смени економската основа.

    „Единствените промени се дека ќе се менува фискалната политика, но не се менува системот. Немате ни еден даночен закон променето, немате никакви услови за работењето променети и така натаму. Едноставно, само се најавува ќе имаме помал или поголем дефицит. Тоа е резидуа. Без никакви реформи можете да го скратите дефицитот. Но, не гледаме во доночниот систем, на пример, никакви реформи. Едноставно, се што е наследено и Владата точно често го критикува дека она го наследила. Сега, од кого го наследила е второ прашање. И од самата себе во некои претходни години и тоа долг период. Но, тоа не значи дека како сте го наследиле, дека вие сте врзани со него како со котва и не можете да го менувате, сменете го.“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично