Од 30 јуни берзанските индекси ќе се пресметуваат по нов состав, утврден по редовната ревизија од страна на Комисијата за берзански индекс.
Елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Реплек АД Скопје. Составот е утврден според Методологијата за пресметување на индексот МБИ10 и всушност, нема промени.
Како што информираат од Македонска берза, врз база на Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници, елементи на ОМБ се: обврзниците за денационализација – седумнаесетта емисија (RMDEN17), обврзниците за денационализација – деветнаесетта емисија (RMDEN19), обврзниците за денационализација – дваесетта емисија (RMDEN20), обврзниците за денационализација – дваесет и прва емисија (RMDEN21), обврзниците за денационализација – дваесет и втора емисија (RMDEN22) и обврзниците за денационализација – дваесет и трета емисија (RMDEN23). Овој состав се разликува од претходниот по тоа што се исклучени обврзниците за денационализација – осумнаесетта емисија (RMDEN18). Инаку, во март беше направена вонредна ревизија на овој индекс.
Следната редовна ревизија на индексите ќе се реализира на 15 декември годинава.