Количината облека по глава на жител, што се купува во ЕУ, се зголеми за 40% за само неколку децении. Ова е резултат на падот на цените и зголемената брзина со која облеката допира до потрошувачите.
Индустријата за облека во ЕУ учествува помеѓу 2% и 10% од влијанието врз животната средина. Ова влијание често се чувствува во трети земји, бидејќи најголемиот дел од производството се одвива таму.
За производство на суровини, преработка во влакна, ткаење и боење е потребна голема количина на вода и хемикалии. Ова вклучува пестициди за производство на суровини како памук. Облеката има голем еколошки отпечаток како резултат на вода, енергија и хемикалии што се користат за перење, сушење и пеглање. Микропластиката, која достигнува до животната средина, исто така игра улога.
Развој на нови бизнис модели
Помалку од половина од облеката што престанува да се користи, се користи повторно или се рециклира. Само 1% се рециклира во нова облека, бидејќи технологиите што овозможуваат рециклирање на облеката во сурови влакна, штотуку започнува да се развива. Предложени се бројни начини за решавање на проблемот. Еден од нив е развој на нови бизнис модели за изнајмување облека и дизајнирање производи, за да може повторно да се користат и полесно да се рециклираат.
Второто е убедување на потрошувачите да купуваат помалку облека и истата да биде со подобар квалитет и генерално насочување на потрошувачите кон опции за одржлив развој.
Донесен пакет за циркуларна економија
Во 2018 година, ЕУ усвои пакет за циркуларна економија, кој за прв пат ќе осигура дека текстилот се собираат одделно во сите земји-членки, најдоцна до 2025 година.
Европскиот парламент со години се залага за промовирање на употреба на еколошки и одржливи суровини и повторна употреба и рециклирање на облеката.