Јован Деспотовски повеќе не е директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
На денешната седница Владата донела Одлука за давање на претходна согласност на Управниот одбор на Фондот за иновации и технолошки развој, да го разреши Јован Деспотовски од должноста директор на Фондот за иновации и технолошки развој.
Разрешувањето го побарал тој, а Владата ја прифатила неговата одлука.
е дипломиран економист и беше назначен за директор во 2017 година. Тој ја замени Јасмина Поповска која ја предводеше новоформираната државна институција од 2013 година.