Стопанска банка а.д. Битола своето портфолио на производи го дополни со нов денарски депозит – детско штедење со промотивна фиксна каматна стапка од неверојатни 4,1%, со рок на орочување 36 месеци. Детското штедење е наменето за деца од нивното раѓање па се до 18 годишна возраст.
Она што е потребно за отворање на депозит за детско штедење е како застапник да се јави најмалку еден од родителите, што се докажува со Извод од матична книга на родени на детето и почетен депозит со минимален износ од 3.000,00 денари.
Сите родители имаат заедничка цел, а тоа е да им обезбедат сигурна иднина на своите деца. Како основа за исполнување на оваа цел е да ги подготват децата за иднина со добра финансиска едукација. Детското штедење е идеална алатка за финансиската дисциплина.
Детското штедење со Стопанска банка а.д. Битола е одличен начин за обезбедување на сигурна и безбедна иднина на вашето дете.
Повеќе информации за производот на https://bit.ly/detskostedenje_parimk