ПОВЕЌЕ

    Расте прометот на ОКТА на македонскиот и на косовскиот пазар

    Време зa читање: 2 минути

    На македонскиот и на косовскиот пазар каде што делува, ОКТА има солидна позиција во снабдувањето со горива, со што во првото годинешно тримесечје забележала за седум насто поголем промет, споредено со истиот период од 2022 година.

    Со раст од 13 проценти, обемот на продажба достигнал 308 илјади м³. Притоа, учеството на извозот е со 24 проценти.

    Бруто маржата достигнала 2,8 милиони евра или 175 милиони денари, што претставува намалување од 72 отсто во однос на споредбениот лански период. Тоа се објаснува мајмногу со падот на меѓународните цени на горивата, што предизвикало исправка на вредноста на залихите на ОКТА од осум милиони денари или 129,8 илјади евра. Воедно, и негативен ефект од нивното вреднување, во висина од осум милиони евра (128 милиони денари). ЕБИТДА изнесува 1,2 милиони евра (77 милиони денари), значајно намалена во споредба со споредбениот период, бидејќи на првиот квартал од 2022 позитивно влијаеле придобивките од вреднувањето на залихите од 6,7 милиони евра (417 милиони денари). Добивката пред оданочување изнесува 600,4 илјади евра (37 милиони денари).

    Прилагодената ЕБИТДА во првиот годинешен квартал е 3,4 милиони евра (213 милиони денари), што претставува зголемување од 94 насто споредено со истиот период минатата година.

    ОКТА е и општествено одговорна компанија. Во таа насока се и празничните донации за поддршка на ранливите категории граѓани во соработка со Црвениот крст, потоа во рамките на платформата за безбедност во сообраќајот „Јас Внимавам“, го поддржа процесот на едукација и обука за стекнување возачка дозвола на десет членови од Здружението „За тебе“, а во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ распиша награден конкурс за изработка на идеен проект за иновативно решение за фотоволтаичен полнач и паркинг за велосипеди и електрични тротинети. Првонаградениот проект ќе биде изграден во кампусот на УКИМ, како донација од ОКТА.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично