ПОВЕЌЕ

    Растат каматите и на кредитите и на депозитите

    Време зa читање: 3 минути

    Просечната каматна стапка на вкупните кредити во април изнесува 5,51, а на депозитите – 1,82 проценти. Кај првата е забележан годишен раст од 0,43, а кај втората за 0,65 процентни поени.

    Податоците за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците, кои ги објавува Народната банка, покажуваат дека во четвртиот месец од годинава просечната камата за кредитите се зголемила за 0,01 процентен поен. Нешто повисоко е поместувањето, за 0,02 процентни поени на просечната каматна стапка предвидена за депозитите.

    За новоодобрените кредити стапката е 5,47 проценти и во април имала раст од 0,49 п.п., додека  годишната промена е за 0,03 процентни поени. На новите депозити, пак, истиот месец се пресметувала просечна камата од 2,54 проценти. Нејзиното месечно зголемување е за 0,08, а годишното за 0,31 процентен поен.

    Априлската просечна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор е 5,35 проценти и нема месечни промени. На годишна основа евидентиран е раст од 0,56 процентни поени. Поголема е стапката на новоодобрените кредити – 5,57 проценти, при што месечниот раст е за 0,84 п.п., а се должи на нагорните движења кај каматите на денарските кредити со валутна клаузула, на девизните и на денарските кредити без валутна клаузула. Годишното зголемување е за 0,04 процентни поени.

    Вкупните депозити во април се имале  стапка од 2,11 проценти. Намалена е на месечно ниво за 0,01 п.п., што е резултат на падот кај каматите на депозитите во странска валута и на денарските депозити без валутна клаузула. Ратот на годишно ниво е за 0,29 процентни поени. Каматата, пак, за новите депозити пораснала за месечни 0,09 п.п. и изнесува 2,61 процент. Поместувањето е базирано на растот на каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула. Споредено, пак, со април 2023, има зголемување од 0,99 процентни поени.

    И просечната камата за вкупните кредити на домаќинствата во април се задржала на нивото од март. Изнесува 5,65 проценти, а на годишна основа е регистриран раст од 0,31 процентен поен. За новите кредити побарани и одобрени на граѓаните, се пресметувала просечна стапка од 5,33 проценти, која во однос на претходниот месец се намалила за 0,07 процентни поени. Од НБРСМ посочуваат дека падот произлегува од намалените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула и на кредитите во странска валута. На годишна основа се бележат плус 0,07 п.п.

    За парите доверени од населението, банкарската просечна камата во април е 1,79 проценти. За еден месец се зголемила за 0,03 п.п., а таа промена се поврзува со повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на девизните депозити. Во споредба со истиот месец лани, има раст од 0,68 процентни поени.

    На новите влогови е пресметувана камата од 2,52 проценти, за 0,10 п.п. повисока од мартовската, затоа што пораснале стапките предвидени за денарските депозити без валутна клаузула и за депозитите во странска валута. На годишна основа оваа каматната стапка е зголемена за 0,18 процентни поени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично