ПОВЕЌЕ

    Растат европските берзански индекси, скок на цената на нафтата и златото

    Време зa читање: 2 минути

    Европските берзански индекси денеска се во пораст, а во исто време е забележан нов скок на цената на нафтата и златото. Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи да ја задржи референтната каматна стапка на операциите за главно рефинансирање на 4,5 отсто, каматната стапка на депозитите на четири отсто и маргиналната каматна стапка на 4,75 отсто, објавија медиумите.

    Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 9:30 часот порасна на 18.145,15 поени, лондонски FTSE 100 на 7.991,02 поени, францускиот CAC 40 на 8.100,90 поени, а московскиот MOEX на 3.453,23 поени.
    Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 38.459,08 поени пред денешното отворање на берзата, додека индексот S&P 500 порасна на 5.199,06 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 16.442,20 поени.
    Според податоците од берзата, цената на суровата нафта се искачи на 85.900 долари, а на нафтата од типот брент на 90.407 долари.

    На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 29,375 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.397,21 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама), а цената на пченицата падна на 5,5153 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).

    Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,06774, што е приближно исто како и во четвртокот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично